ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЖФК Деспина ги започна подготовките со претензии да станат шампиони

774

ЖФК Деспина викендов ги започна подготовките за пролетниот дел од шампионатот во Првата женска фудбалска лига. Стручниот штаб одлучи подготовките да се одвиваат само во Прилеп.

Екипата е во полн состав, само ја напушти Драгана Костова, а како засилување, пак, на тимот му се враќа репрезентативката Јована Ѓорѓиоска, која ќе преставуа вистинско освежување во пролетниот дел од натпреварувачката сезона.

На девојките на ЖФК Депсина им останува доволно време за подготовка, бидејќи почетокот на првенството е на 27 февруари, каде на домашен терен ќе ја дочекаат екипата на Плачковица. Паралено со желбата за освојување на шампионската титула, прилепските фудбалерките претендираат и за освојување на Женскиот фудбалки куп на Македонија.

„Со максимално залање и посветеност желни за игра и гладни за нови победи и успеси ќе ги нападнеме двете натпреварувања во кои учествуваме, првенството и купот, нашето мото е да бидиме подобри од предходно, ние тоа го сакаме и можеме.“- велат од стручниот штаб на ЖФК Деспина

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: