ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Завршува зимскиот распуст за основците и средношколците

574

Последен ден од зимскиот распуст за  6.546 ученици кои ја следат наставата во основните, и за 3.133 ученици во средните училишта во Прилеп.

Според Календарот за работа на основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, второто полугодие започнува на 21. 01. 2021год.(четврток). Наставата продолжува да се организира и реализира согласно Планот за одржување настава, Протокол и Алгоритам за постапување.

Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.

Денеска е и последниот ден за праќање по електронска пошта до МОН коментари, предлози и сугестии за Нацрт-концепцијата за основното образование која е поставена на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: