ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заев во Прилеп за пуштањето на модуларната болница и почетокот на изградбата на градинката во Точила

1.684

Утре, (петок, 02 април) во присуство на високи владини функционери, ќе биде поставен камен темелникот на новата детска градинка во населбата Точила и ќе се стави во функција модуларната болница. На почетокот на градежните работи на новата детска градинка ќе присуствува Претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев и Министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Детската градинка која беше проект ветен во изборната камањата на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, треба да има капацитет за 250 деца, а чини 110 милион денари. Проектот треба да биде завршен до крајот на годината.

По долго очекување, утре ќе биде ставена во функција и модуларната болница во кругот на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“. И, таму ќе бидат присустни владините преставници.

Покрај директорот на болница, Кети Смилеска  и градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, на отворањето на модуларната болница ќе биде проследно и со присуствува на Претседател на Владата, Зоран Заев и  Министер за здравство, Венко Филипче. Модуларната болница во Прилеп е со капацитет од 35 легла и со централна кислородна поддршка за болните од КОВИД 19.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: