ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започна едукативната програма на МТФ “Војдан Чернодрински”

398
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во своето 57. издание воведува содржини во текот на целата година.  Едукативната програма на МТФ “Војдан Чернодрински” официјално започна денеска. Шеснаесет основци и средношколци, како и четворица наставници од четири училишта од Прилеп, присуствуваа на првата работилница посветена на актерската игра.
Работилницата ја водеше  режисерот и едукатор Милош Б Андоновски, а наменета е за наставници и ученици од прилепските основни училишта „Кочо Рацин“ и „Св. Климент Охридски“ и средните училишта „Мирче Ацев“ и „Ѓорче Петров“. Работилниците ќе се одвиваат во репетиционата сала на Народниот театар „Војдан Чернодрински“, а фокусот ќе биде врз истражување и проучување на театарската уметност и неговите сфери: актерството, драмското пишување, сценографијата, костимографијата, критиката. Следниот месец, учесниците ќе се собираат еднаш неделно во просториите на театарот “Војдан Чернодрински” и ќе го истражуваат актерството преку правење етиди, вежби и игри со задачи со актери од прилепскиот ансамбл.

-Овој концепт и воведувањето на едукативната програма, не само што го прават фестивалот поотворен од кога било, туку нудат и ретка можност за меѓугенерациско учење: наставници, ученици и актери на различна возраст заедно да работат и да учат едни од други. Целта на оваа
едукативна програма во рамките на МТФ „Чернодрински“ е само првиот чекор кон она што сите нѐ чека по завршувањето на фестивалот – генерирањето нова публика и нови очи, коишто повторно и повторно ќе му се враќаат на гледањето театар – вели режисерот Андоновски.

Месечните работилници ќе бидат тематски одредени и поврзани со драмата „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, којшто, воедно, е и автор во фокус на 57. издание на фестивалот. Директорката на фестивалот, Ана Стојаноска посочува дека секоја година ќе ротираат по две средни и две основни училишта. До почетокот на февруари, ќе има и презентација на сработеното.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: