ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ проект со фокус на младите

355

Втора година како Општина Новаци е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ насочен кон младите за подобрување на нивната состојба во заедницата.  Во ова продолжение на проектот ќе бидат вклучени  дополнителни 7 млади луѓе од општината  кои ќе се организираат преку здружението Европска гледна точка.

Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ продолжува уште две години, преку взаемна соработка на пелагониските општини  кои ќе работат на унапредување на состојбата на младите и можностите за млади. Во првата година беа вклучени  пелагониските општини: Демир Хисар, Ресен, Новаци, Могила, Крушево, Долнени и Кривогаштани, а од оваа година дел од проектот ќе бидат и Битола и Прилеп. Иницијативата се спроведува во соработка со НВО Про Локал поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија и Програмата МАТРА.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: