ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За времето: добра количина на дожд во Прилеп – падна првиот снег на Пелистер

640

Во Прилеп во текот на ноќта наврна 18 литри на метар квадратен воден талог.  Следи Крушево со 24 л/м2, 23 во Пожаране, 19 Тополчани и Ѓуриште,  и  13 Битола.  Најмногу дожд,  според УХМР, измерени се во Демир Капија , 63 литри на метар квадратен воден талог.

Падна и првиот снег.  Врвот Пелистер на планината Баба, од утрово забеле од снежна покривка.

Фотографијата на социјалните мрежи ја сподели Јонче Илиевски во групата Ски и Сноуборд МК. Ова се први снежни врнежи оваа есен.

Инаку, најниска температура, од 4 степени, е измерена е во Попова Шапка, 6 во Лазарополе, 7 Маврови Анови и Крушево, 8 Претор, 9 Охрид, 10 Куманово, Битола и Прилеп, 11 Тетово, Крива Паланка и Берово.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: