ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За развој на туризмот потпишан договор вреден 744 илјади евра

308

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, го потпиша договорот за проектот „Крушево и Елбасан – препознатлива прекугранична туристичка дестинација“ вреден 744 илјади евра, со што започнув аи официјално реализирањето на проектот за подбрување на туристичкиот развој на Крушево.

 

Проектот опфаќа изградба на паркинг во параглајдинг центарот во Крушево, поставување на 2 мерни станици на полетувалиштето за параглајдинг, ЛЕД осветлување на објектите од култура и изградба на патека за „даунхил“, планински велосипедизам. Од страна на општина Крушево ќе се имплементираат и различни видови на обуки и настани за градење на капацитетите на угостителскиот сектор.

 

„Со потпишувањето на договорот официјално започнуваме со реализирање на уште еден проект од областа на туризмот. По имплементацијата на проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ кој достигна сума од 700 000 евра продолжуваме со овој голем проект кој ќе донесе подобрување на туристичка инфраструктура, помош за угостителскиот сектор и поголема промоција на Крушево во меѓународни рамки. Туризмот е наш приоритет и тоа е иднината на општина Крушево.“, изјави градоначалникот Христоски по потпишувањето на договорот.

 

Активностите се дел од Прекугранична програма Република Северна Македонија – Република Албанија во рамки на Пред пристапен инструмент, алокации од 2018 – 2020 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: