ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За 2% помала излезеност во Прилеп до 13,оо ч на локалните избори, споредбено со предходните во 2017

1.058

За 4 отсто е пониска излезноста од лани во овој ист временски период , за разлика од парламентарните избори кои се одржаа минатата година. Вкупната излезност во Македонија во 13,оо ч изнесува 20,76 отсто.  Лани таа била 24,61 проценти, додека на локалните избори во 2017. година излезноста била 27,30 отсто.

И, во Прилеп регистриана е помала излезност за 2 % , споредбено со излезеноста од локалните избори 2017 , во овој ист период од денот. Во Прилепдо 13 часот на гласање излегле 31,39 отсто. Во 2020 таа бројка била 33,59 проценти, додека на локалните во 2017 и во 2013 бројката била 37,73, одосно 46,76 проценти.

Според прописите, во првиот круг за победник односно избран градоначалник се смета кандидатот кој освоил 50 отсто плус еден глас од вкупната бројка на граѓани кои излегле да гласаат но услов е и излезноста да биде најмалку 33 отсто, односно барем една третина од гласачите да го оствариле своето право на глас. Доколку излезноста е под овој процент, без разлика на бројката на освоени гласови се оди во втор круг. Доколку ниту еден кандидат не освоил 50 отсто плус еден глас во вториот круг одат двајцата кандидати со најмногу гласови.

 

 

Советниците се бираат само во првиот круг по т.н. „Д Онтов модел“.
Вториот круг на седмите локални избори ќе се одржи по две недели, на 31 октомври, а  кампањата за вториот круг ќе почне уште во понеделник и ќе трае до 29 откомври на полноќ.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: