ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Земјоделците излегуваат на протести!!!

426

Веќе подолг период земјоделците од различни сектори бараат начини да бидат  чуени и испочитувани нивните барања. Заради, како што велат земјоделците, игнорантскиот однос од власта, и неможноста барањата и забелешките од примарните земјоделски производители да “допрат” до надлежните, претставниците од повеќе земјоделски здруженија одлучија со најнепопуларниот начин да ги решаваат проблемите, со протести и со блокади на регионалните патишта. Соопштението го пренесуваме во целост:

“Ние претставниците на земјоделските здруженија од сите земјоделски сектори во Македонија на состанокот одржан во Прилеп донесовме сет на барања со единствена цел за спас на земјоделието како гранка и државата воопшто, и тие наши барања ги упативме до сите надлежните институции кои за жал досега не смогнаа храброст барем да не удостојат со некаков одговор.

Иако барањата беа упатени со тридневен ултиматум,оставивме дополнителен временски период од една седмица за дијалог во кој временски рок се надевавме дека институциите ќе ја сфатат важноста на барањата и ќе постапат по нив.

Но немањето на слух на владата и МЗШВ, а поради тешката ситуација во која се наоѓаат Земјоделците, поради покачување на цените на нафтата, ѓубривата и останатите репроматеријали како и зголемената сиромаштија ве повикуваме сите на сеземјоделскиот предупредувачки протест во Прилеп сабота на 26 03 2022 со почеток од 11-13ч.кај бензиската станица на ЛУКОИЛ.

Воедно испраќаме длабоко извинување до сите кои ќе бидат спречени да патуваат во определениот временски интервал и се надеваме на разбирање од нивна страна бидејќи ние ова не го правиме за да се збогатат земјоделците туку да се спаси и прехрани државата.

ЗАЕДНО ДО ХРАНА!!! “, се вели  соопштението од име на сите земјоделски здруженија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: