ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Известување за дезинсекција на територија на општина Прилеп

143

Им се соопштува на граѓаните на Општина Прилеп дека на ден 22 и 23.05.2023 година (понеделник и вторник), во периодот од 07:00 до 13:00 часот на територијата на Прилеп, екипи од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува првата фаза теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекција ќе бидат опфатени водени површини, т.е. места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течение на градска река, делови на Дабнички канал, Селечка река, област Маркова сарика како и водени површини во населените места Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и големо Коњари.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици се известуваат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: