ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Извидниците од Прилеп со нов проект – „Извидничко движење за подобар свет“

524

Извидничкиот одред „Феникс“ – Прилеп заедно со уште седум други одреди од Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна е партнер во создавањето на една поинаква, уникатна приказна  “Извидничко движење за подобар свет”.  Проектот се одвива во рамките на Еразмус+ програмата и под водство на Извиднички одред Јавор – Осиек.

Целта на оваа приказна, е зголемување и распознавање на вештините и знаењата на луѓето кои работат и се занимаваат со млади. При имплементација на самиот проект очекуваме нашите млади лидери – водачи да бидат поттикнати да ги пренесуваат нивните знаења и да ја унапредат волонтерската работа. Најважно за еден извидник и неговата локална заедница е хуманата работа и волонтерството, па затоа овој проект придонесува за промоција на истите. Настрана од групната работа очекуваме и личен развој и напредок кај самите поединци како во приватното, така и во деловното опкружување. Самиот проект ни нуди и нови перспективи за реализација на активности со млади луѓе од перспектива на соработници како ИТ компании, високообразовни институции и други граѓански организации кои ќе дадат вредност на оваа наша приказна, велат од Извидничкиот одред Феникс.

Главната активност е обука на луѓе кои работат со млади, планирани 8 дена во близина на Осијек во Копачево, јуни 2023 година. Секоја партнерска организација ќе учествува со пет учесници – луѓе кои моментално работат со млади луѓе. На оваа голема активност ќе и’ претстои подготвителен состанок каде ќе се дефинира профилот на секој партнер, а сите партнерски организации ќе имаат за цел да обезбедат најмалку едно лице кое работи со млади луѓе над 30 години, потоа 1-3 лица од 18 до 30 години и 1-3 лица од 13 до 18 години, со соодветна родова застапеност.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: