ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложба на фотографии од Матео де Мајда во Прилеп

237

Во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ денес беше отворена изложба насловена како „За прв пат (La prima volta)“ од италијанскиот фотограф Матео де Мајда на која што присуствуваше и амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри, кој што заедно со градоначалникот Борче Јовчески со поздравни обраќања пред присутните официјално ја отворија изложбата.
Минатото лето, фудбалската репрезентација на Македонија за првпат учествуваше на едно Европско првенство. Неколку недели претходно, италијанскиот фотограф Матео де Мајда и новинарот Козимо Бизари ја пропатуваа земјата и ги претставија нејзините жители додека се подготвуваат за еден од најголемите спортски настани во својата историја.
„Изложбата е прв чекор што заеднички го направивме со Амбасадата на Италија за продлабочување на соработката, бидејќи проектите од овој тип придонесуваат за поголемо запознавање на македонскиот и италијанскиот народ.
Се надевам дека нашата соработка, на големо задоволство од двете страни ќе се продлабочува не само на културно и спортско поле, туку и на економско.
Ви благодарам што бевте тука со нас денес, и ветувам како градоначалник, дека вратите на општината се отворени за реализација на заеднички проекти.“ истакна градоначалникот Јовчески.
Реализирана со поддршка на Музејот на современа фотографија од Милано (MUFOCO), магазинот Ундичи (Единаесет) и ФФМ, „За првпат“ е репортажа која зборува за спортот и идентитетот и е дел од долгорочниот проект за фудбалската култура во различни земји од светот.
Амбасадорот Силвестри се обрати пред присутните на македонски јазик, при што истакна дека страста кон фудбалот во Македонија и Италија ги зближува уште повеќе двата народи а него му претставува чест што оваа изложба предизвика голем интерес во сите градови каде што досега била поставена.

Градоначалникот Борче Јовчески на амбасадорот Силвестри му подари дрес од нашиот прилепчанец Илија Нестороски кој што игра во Италијанската фудбалска лига во дресот на Удинезе.
Во знак на почит амбасадорот ја поклони на градоначалникот Јовчески фотографијата на која што се сликани навивачите на ФК Победа, додека пак од присутните навивачи амбасадорот доби подарок шал и капа со логото на ФК Победа.
Изложбата е во организација на Амбасадата на Италија во соработка со Општина Прилеп, а ќе може да се посети од 10 до 21 Март.
Изложбата ќе посети и други градови во Македонија, а потоа, амбасадата на Италија сликите ќе ги подари на спортски институции и фудбалски здруженија од земјава.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: