ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложба на фотопортрети , промоција на книга „И јас сум тука“ и проекција на филм

186

Утре вечер од 19.00 ч. ќе биде отворена Изложба на фотопортрети „И јас сум тука“во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. При тоа ќе бидат промовирани и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите приказни на луѓето-учесници на изложбата, како и македонскиот превод на „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик“ од Шведска. Ќе има и проекција на филмот МОДНА РЕВИЈА: ОД „ГЛАДА ХУДИК“ ДО ЊУЈОРК.

Изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и
Сребра вклучува 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од
Македонија на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни
посветени на нив.
„И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј
иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, со поддршка на
Шведскиот институт. Ова е проект кој во Шведска од 2014 година дал
одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се
спроведува од 2020 година. Здружението на граѓани за поддршка на лицата
со посебни потреби „Солем“ преку разни активности се вклучи во проектот
за што повеќе деца во земјава да бидат опфатени преку активности
реализирани во училиштата.
Целта на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ е да се смени
стереотипното однесување кон луѓето со попреченост, да се намалат
стигмите и да се крене свесноста за интелектуалната попреченост, вели
Ануки Стуруа, проект-менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди“.
„И јас сум тука“ е едно големо патување и за нас. Се роди од потребата да
зборуваме гласно за луѓето што се меѓу нас, а кои понекогаш се правиме
дека не ги гледаме, ниту сакаме да ги слушнеме. Да зборуваме гласно и без

грутка во грлото за луѓето што само сакаат да бидат поздравени, почитувани,
сакани, да бидат дел од целото. „И јас сум тука“ е можеби многу поважно
патување за сите нас да се свртиме кон себе и кон другиот, да го погледнеме
другиот и да му ја почувствуваме душата, која многу често е повредувана.
Предрасудите лесно се создаваат, а тешко се надминуваат“ – велат авторите.
Основач на проектот е театарскиот режисер, продуцент, сценарист Пер
Јохансон.

 

Документарниот филм „Модна ревија: Од ’Глада Худик‘ до Њујорк“ во режија на Јохан
Ског е популарен филм во Шведска во кој учествуваат актерите од театарот „Глада
Худик“, на кои им се остварува животниот сон да учествуваат на модна ревија во Њујорк.
Сценариото е на Терезе Брингхолм, Лиа Сидерштром, Јохан Ског. Улогите ги толкуваат:
Ема Ертлунд, Никлас Хилберт, Пер Јохансон, Ида Јохансон, Аника Гранлунд Јонсон и др.
Во филмот играат актери од театарот „Глада Худик“, кој е основан во 1996 година од Пер
Јохансон,кој смета дека секој од нас треба да биде продолжена рака на луѓето што имаат
некаква попреченост. Актерите во овој театар се вистински ѕвезди во Шведска и
помогнале многу во борбата со предрасудите кон лицата со интелектуална попреченост.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: