ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Илиеска: советничката група на СДСМ и Коалицијата ќе направи се’ за да го спречи поскапувањето на услугите на јавните претпријатија

935
Пред почетокот на денешната 15 та редовна седница на Советот на Општина Прилеп прес конференција одржа советничката група на опозициската СДСМ и Коалицијата. Ја пренесуваме во целост:
Во режија на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, денеска во општинскиот Совет на повидок е да се случи најголемата пљачка на граѓаните на Прилеп во поновата историја на градот. Немајќи елементарни познавања за успешно менаџирање на општинските јавни претпријатија, без желба и намера да работат во корист на општиот интерес, партиските директори на „Водовод и канализација“, „Комуналец“ и Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, излезот од хаосот го најдоа во удирање по џебот на граѓаните. Од први октомври поскапуваат водата за пиење и надоместокот за прочистување на отпадните води. Драстично поскапува собирањето на отпадот и одржувањето на гробните места. Поскапува јавниот градски превоз и школскиот превоз на учениците и наставниците. Недомаќинското работење, енормното вработување на функционери на ДПМНЕ и на нивни блиски роднини и пријатели, се единствената причина која јавните претпријатија ги доведе пред финансиски колапс.Преку поднесување на амандмани, дискусии и употреба на други форми кои согласно законите и Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп ни стојат на располагање, советничката група на СДСМ и Коалицијата ќе направи се’ за да го спречи поскапувањето на услугите на јавните претпријатија. Во насока на заштита на стандардот на нашите сограѓани, ги повикувам советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат теснопартиските интереси, да покажат личен интегритет и одговорност и да гласаат против предлог-одлуките за зголемување на цените на услугите на трите јавни претпријатија. Тоа, впрочем, беше дел од изборната Програма на нивниот кандидат а сегашен градоначалник, Борче Јовчески, во која на прилепчани им ветија намалување, а не зголемување на цените на комуналните услуги.Истовремено, во интерес на вистината, ги повикувам граѓаните преку фејсбук страната на Општина Прилеп да ја проследат денешната седница на Совет и самите да се уверат за тоа кој работи за, а кој против нивниот интерес, посочи Моника Грашеска Илиеска, советник .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: