ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Инженеринг Теракота револтирана од работењето на локалните институции !

462

На средба со новинарите, денеска менаџментот на градежната компанија Инжинеринг Теракота изрази револт од наводен игнорантски однос од страна на локалните институции надлежни за издавање на градежни дозволи и Советот на општината. Вчерашното не поставување на точка на дневниот ред на 18 тата редовна седница за донесување одлука за урбанистичко решение кое ги засега како компанија, ја „прелило чашата“, посочи Гордан Бошкоски.

Менаџментот на нашата компанија Инженеринг Теракота се одлучи на можеби најнепопуларниот метод на изразување на револтот од односот на одредени институции на системот посебно на органите на Локалната самоуправа на чело со Советот на град
Прилеп.
Имено, игнорантскиот однос којшто го трпи нашата компанија веќе подолг период со неиздавање на одобренија за градба за уредно изработена градежно техничка документација од наша страна, злоупотребата на институцијата Јавни набавки којашто исто така ја трпи нашата компанија веќе подолг временски период, кулминираше во текот на вчерашниот ден со повлекување на точките од дневен ред на вчерашната седница на Совет на локалната самоуправа од за нас неразбирливи и непознати причини.
Точките од дневниот ред на вчерашната седница со коишто требаше да им се стави крај на повеќегодишните проблеми кои се случуваат во одделението за просторно и урбанистичко планирање и покрај тоа што има одобрување од страна на сите релевантни комисии биле повлечени без никакво образложение од страна на претседавачот на Советот и тоа 5 минути пред почеток на седницата на Советот. До овој момент немаме добиено соодветни објаснувања зошто е тоа направено. Со оваа постапка директна
штета и понатаму ќе има нашиот град. Од тие причини нашата компанија како општествено одговорна компанија која постои 28 години добиената покана од страна на градоначалникот на Општина Прилеп да бидеме домаќини на градската слава Св.Никола во Прилеп, ја прифаќа како почит кон граѓаните на нашиот град но револтот ќе го изразиме со тоа што претставниците на Советот на Општина Прилеп нема да бидат поканети на оваа традиционална манифестација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: