ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Историја во пингпонгот : Прилепско локално дерби за титула (ВИДЕО +ФОТО)

965

Со полуфиналните натпревари од суперлигашкиот плеј оф започна разврската во сезоната 2020/21 во пингпонгарското првенство и освојување на шампионската титула. Младост 96 против Телеком Нец2 и Шампион ФА против Младост беа двете полуфинaлни двојки во кои прилепските екипи на Младост и Младост 96 влегоа со предност од 1:0 поради подобриот резултат од меѓусебните дуели во регуларниот дел од сезоната. Младост 96 без многу проблеми го совлада Телеком НЕЦ 2 со резултат од 4:1 и закажа финале во Прилеп против градскиот ривал Младост. Тимот на Младост во неизвесен натпревар успеа да ги надигра играчите на штипскиот клуб Шампион ФА до 4:3. За Младост96 , две победи извојува Стефан Костадиновиќ, по една Кристијан Станојковски и Петар Костовски. Единствениот поен го загуби Рустемовски од српскиот играч во редовите на Нец2, Милош Миленковиќ а во тимот беа и Рикалоски и Лашкоски. Со оваа победа продолжи низата од 20 победи без пораз во оваа сезона на Младост96.

Во недела на програмата е историското прилепско финале во овој спорт. Прилеп ќе го добие шампионот за оваа натпреварувачка сезона а дуелот помеѓу Младост 96 и Младост ќе биде локално дерби за титул а.Ако минатата сезона беше прекината кога игравме одлично и имавме можност да имаме титула вели Јочкоски од Младост , годинава ќе биде интересно до самиот крај и покрај тоа што Младост 96 е во блага предност заради засилувањата и одличната форма досега. При гостувањето во нашата програма во живо пак Рикалоски додаде дека нема да биде лесно во оваа пресметка , зашто Младост како конкурент за титула во своите редови има играчи со големо искуство кои би можеле и тоа како да делуваат врз конечниот епилог.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: