ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Исчезна и последната надеж – Победа се враќа во Втората лига!

301

Иако, до крајот на сезоната во ПМФЛ остануваат уште три кола, во кои Победа едно коло ќе биде слободни,а потоа ја чекаат соочувања со Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш, со денешниот пораз на домашен терен од  екипата на Скопје, шансите за опстанок изчезнаа, односно на сите кои денеска беа на стадионот “Гоце Делчев„ им беше јасно дека Победа идната сезона нема да игра во елитното друштво, ПМФЛ.  Овој пораз значеше и крај на сите надежи на прилепчани, па така еден од најфудбалските градови во Макеоднија следната сезона, пак,  ќе гледа второлигашки фудбал во Прилеп.

Денеска во Прилеп на градскиот стадион “Гоце Делчев“ Скопје  ја совладаа Победа со 0-4 (0-2).

Победа  ја имаше последната надеж за колку-толку да остане во борбата за спас, ама Скопје буквално ја прегази и ги наполни головите на Победа за убедлив триумф со што „пиратите“ им го заверија испаѓањето во вотролигашката конкуренција, после само една година откако Победа  се врати во најсилното фудбалско друштво.

За три минути Азер Омерагиќ и Миле Тодоров дадоа два гола во 35-та и 38-та минута и веќе беше јасно во Прилеп дека Скопје ќе победи, па во вториот дел додадоа уште два гола за убедливиот триумф.

„Ова што го видов денеска во Прилеп искрено ме растажи. Фудбалски Прилеп ова не го заслужува. Се надевам дека работите во клубот ќе се средат и дека повторно Прилеп ќе гледа елитен фудбал“ изјави за “Спортмедиа“, Мирсад Јонуз,некогашен стратег на Победа и  тренер на Скопје

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: