ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како почна така и заврши дербито на дното – Победа и Скопје ги поделија бодовите (ФОТО)

0:0 на градски а публиката го осети студот !

335

Како почна така и заврши дербито на дното од табелата во македонското фудбалско друштво.Победа – Скопје конечни 0:0 , во натпревар кој никако не може да ги оправда очекувањата,  пред се на публиката, која и покрај ладното време во голем број го бодреше својот клуб.Но црвено белите исто како и гостите од главниот град , едноставно не успеаа да реализираат и да прокнижат нови бодови.

И не треба многу да се филозофира за формата и на едните и на другите , но факт е дека победашите “без тренинзи” само ќе се мачат во националниот шампионат.Со овој бод Победа ја продолжува голготата , со конкурентот за опстанок одигра само мирољубиво а таму на гости загуби.Од низата домашни натпревари пред своја пубоика , единствено само со Струга беше играта на солидно ниво а потоа во наредните дуели , прилепските љубители мораа да си заминат а без да се израдуваат на триумф на Победа.Останува гостувањето кај Брегалница а потоа …е потоа ….со една ваква безизлезна ситуација во која се наоѓа тимот …кој знае дали опастанокот ќе се обезбеди.Но за тоа потоа,  има уште да се игра во првенството, но досега залихата на бодови за Победа е многу мала …Сите се надеваат на подобро !

Во останатите натпревари одиграни попладнево : Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 1:3 , Шкупи – Брегалница 3:1 , Струга – Академија Пандев 1:0 , Тиквеш – Силекс 0:2.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: