ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Како ќе функционира „Помош и нега во домот“ во Прилеп, Кривогаштани и Долнени

265

Заинтересираните приматели на новата социјална услуга наменета за повозрасната категорија граѓани над 65 годишна возраст со намалена функционалност, ќе може да се пријавуваат во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.

Обуката за 40 негователи кои што ќе бидат времено работно ангажирани во регионот на трите општини Прилеп, Долнени и Кривогаштани, е успешно завршена и се очекуваат лиценците. Тие треба да обезбедат целосна помош и поддршка за независно живеење на лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат да се грижат за себе.

Важна улога играат и матичните лекари во овој проект кој поврзува повеќе сектори. Локалните самоуправи на трите општини исто така активно се вклучуваат во социјалната сфера, при што изготвени се поединечни стратешки документи и програми за работа. Проектот „Помош и нега во домот“ се реализира од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.

Како ќе функционира проектот „Помош и нега во домот“, какви услуги ќе добиваат граѓаните повеќе на следниот линк од разговорот со Марина Тошеска, координатор за трите општини, Дејан Тошески, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп во програмата „Радио што се гледа“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: