ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кога ќе заврши реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ ?

601

Главната градска сообраќајница булеварот „Гоце Делчев“ од раскрсницата кај стара градска кафеана до Тинекс од утринава не функционираше за проток на моторните возила. Според информациите од изведувачот на градежните работи за реконструкција на булеварот, компанијата Изофас, станува збор за времен изменет режим на сообраќајот кој што се однесува само на денешниот ден и тоа во периодот од 8 до 16 часот.

„Градежните екипи работат на тековни активности за реконструкција на подземната инфраструктура за што ние побаравме од МВР, дел од сообраќајницата денеска да биде времено затворен. Веќе во попладневните часови после 16 часот и наредниве денови тековните градежни работи за реконструкција на Булеварот Гоце Делчев продолжуваат интензивно, а сообраќајот ќе се одвива непречено. До крајот на месецов 95 % од градежните работи ќе завршат, а според планот до почетокот од наредниот месец, 2 – 3 ти декември, ќе завршиме и со поставување на новиот слој на асфалт, рече Филип Иваноски, менаџер на компанијата Изофас, изведувач на градежните работи за реконструкција на Булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ започна во февруари годинава. Опфатени се делови од сообраќајницата од споменикот „Карпалак“, до маркетот „Тинекс“. Проектот зафати и обновување на дел од улицата „Прилепски бранители“, од некогашната Градска кафеана, до кружниот тек пред Поштата. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: