ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кои се дигиталните алатки за комуникација со лица со попреченост?

554

Новото време го промени начинот на комуникација, особено во последната година со здравствената криза. Процесот на дигитализација се интензивира, а македонското општество мора да се привикнува на современите начини на комуникација, вклучително и ранливите групи граѓани со попреченост. За таа цел, Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, спроведува проект, во чии рамки е и претстојната работилница “Дигитални алатки за комуникација со лица со попреченост”. Информатичката и комуникациска технологија (ИКТ) има потенцијал и да го подобри пристапот на лицата со попреченост, но и да придонесе кон создавање бариери. Важно е да се запамети дека лицата со попреченост имаат многу различни потреби за пристапност и дека постојат различни начини да се направи технологијата достапна за сите, имајќи во предвид дека со промената на технологијата се појавуваат нови потреби за пристапност.

Работилницата насловена како “Дигитални алатки за комуникација со лица со попреченост” ќе се одржи на 5ти март (петок) со почеток во 10:30 часот и на неа можат да се пријават сите заинтересирани преку ZOOM платформата https://us02web.zoom.us/j/81049479559Meeting ID: 810 4947 9559

На онлјан настанот Благица Димитровска – претставник од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА ќе ги презентира можностите за обезбедување достапност на веб страни за лица со попреченост.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: