ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

КОМФИ АНГЕЛ МЕЃУ ТРИТЕ ТОП КОМПАНИИ ЗА НАЈДОБРА ПРАКСА НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

1.929
Денеска на 28-ми октомври, четврток, на компнијата Комфи Ангел и беше доделена награда за Најдобра пракса на безбедност и здравје при работа за 2021 година, со што копмпанијата е една од трите највисоко рангирани компании за 2021 година во делот на безбедност и здравје при работа.
Доделеното признание само ги потврди заложбите и претставува уште поголем поттик и одговорност за Комфи Ангел да продолжи да работи на креирање на политики на безбедност, превенција на болестите и унапредување на континуираната грижа за здравјето и добробитта на вработени.
„Заложбата на Комфи Ангел за континуирано подобрување на здравјето и безбедноста на вработени е  главен приоритет, што придонесува за остварување на компаниските цели. Компанијата има воспоставен систем за управување со здравјето и безбедноста при работа, што служи како ефикасен пристап при управувањето и континуираното отстранување на опасностите и минимизирање на ризиците.„- велат од менаџерскиот тим, менџаерот, Ирена Јакимовска

 

 

Изборот за доделување на Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа  го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: