ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Конечно и ул „Кеј ‘9 -ти Септември„ се реконструира

685

Во тек се работите на рехабилитација на ул „Кеј 9-ти Септември“ која една од најфреквентните сообраќајници во градот, но и санјмногу ударни дупки. Тука беше тешко да се вози, а да се избегнат ударните дупки.

„На Кеј ‘9.Септември’ се врши рехабилитација во должина од 900 метра и површина од 6.000 м2, а следната недела ќе се рехабилитираат и 4.000 м2 на Кеј ‘1.Мај’. Истовремено, продолжуваат работите на Кеј ‘1.Мај’, од населбата ‘Димо Наредникот’ кон ‘Сточен пазар’, како и реконструкција на улицата ‘Целе Мавроски’ во населбата ‘Подкули’. Сакам да истакнам дека следната недела започнуваат работите на улицата ‘Дабничка’ во населбата Тризла 2, како и на повеќе други улици во градот и населените места“, истакнува градоначалникот Илија Јованоски.

Покрај реконструкцијата и рехабилитацијата на улиците со средства од буџетот на Општина Прилеп, наскоро со средства од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, преку Проектот за поврзување на локални патишта ќе започне и реконструкција на дел од улицата „Мице Козар“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: