ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Концерт на флејта и пијано со дела од македонски автори

553

Утре, со почеток од 20 часот, во ЦК „Марко Цепенков“, концерт ќе одржат Златка Митева на флејта и Наташа Трбојевиќ на пијано, а ќе бидат исполнети дела од македонски композитори. Концертот е дел од  програмата за 2021 на Центарот, поддржан од Министерството за култура.

На овој концерт на дуото Митева – Трбојевиќ ќе бидат изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации. Програмата е конципирана да опфати македонски композитори од постарата генерација, од основоположниците на современата македонска музика, како што е Прокопиев, автори од втората генерација како што се: Зографски, Стојков, Бранѓолица, Џамбазов, па сè до најмладите автори како Гавриловски и Велковска-Трајановска.

Репертоарот изобилува со разноликост по форма, карактер и музичка мисла и придонесува кон целосно уживање и заинтересираност од страна на публиката секаде каде што оваа програма била изведувана.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: