ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кои се можностите за развој на женско претприемништво во руралните средини?

1.083

Жената во руралните средини во Македонија има бариери за  формирање и развој на сопствен бизнис. Но, родовата припадност не треба да се смета за пречка, особено денес, кога се достапни повеќе национални и меѓународни програми и фондови за поддршка  на женското претприемништво беше речено на онлајн настанот на тема “Можности за развој на женско претприемништво во рурални средини”.

За тоа што нуди Програмата за рурален развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство говореше Горан Томески од работната единица Прилеп на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

– Мерките кои ги опфаќа Програмата постојано се модифицираат се’ со цел да бидат подостапни за жените – претприемачи од руралните средини. Веќе две години како е воведена мерката 115 која е намената за жени носители на земјоделско стопанство како физички лица за кои земјоделството е основна или дополнителна дејност, но и за правни лица каде сопственикот е жена, за користење на средства – поддршка за развој на бизнисот. Воедно, и во рамките на ИПАРД програмата жените од руралните средини имаат предност при бодирањето на апликации и со тоа при добивање на средствата за реализација на нивните бизнис идеи. Ние како национално советодавно тело во агросекторот, помагаме во изготвување на бизнис плановите и предлозите доколку се охрабрат да аплицираат, потенцираше Горан Томоски од АПРЗ РЕ Прилеп.

Во која сфера жените претприемачи ќе одлучат да инвестираат, зависи од нивните идеи и предиспозиции, но евидентно е дека секторот на органското производство е атрактивен со оглед на зголемената побарувачка од здрава еколошка храна. На тема  „Органското производство, можности и предизвици“ говореше Викторија Јоновска – контролор за органско производство, која што ги наведе основните карактеристики на органското производство и начинот на кој се стигнува до потребниот сертификат за овој вид на земјоделска продукција.

Без познавање на дигиталните алатки  – нема развој ниту во земјоделството. Денес, модерното аграрно производство не може да се замисли доколку не се користи ИТ технологијата за информирање, едукација, маркетинг и развој на бизнисот.

„Иако живееме во дигитална ера, за жал информатичката технологија малку се користи кај нас како алатка за развој на бизнисот, бидејќи недостигаат информации, обуки и континуирана надоградба на веќе постоечките знаења“, истакна  Виктор Фичорски, претставник од ИТ секторот, инаку креатор www.domasno.mk он лајн платформа за е-продажба на земјоделски производи и нивни преработки и промоција на рурален туризам.

На онлајн настанот со свои забелешки и прашања во дискусијата, особено во делот на улогата на медиумите за информирањето за промоција на можностите на женското претприемништво зеде учество и Радио Пела, како единствен рурален медиум, во сопственост и раководен од жени.

Вебинарот “Можности за развој на женско претприемништво во рурални средини” е втор по ред во организација на Здружението за рурален развој ЛАГ АГРО ЛИДЕР Кривогаштани, поддржан од Македонско американската алумни асоцијација и амбасадата на САД во Скопје .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: