ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кој ќе раководи со ФК Победа ?!

1.207

Гордоста на Прилеп – ФК Победа, се трансформира и преминува во нова фаза од развојот, формирано е Координативно тело, доби нов претседател и спортски директора ќе бидат вклучени и прилепските фудбалски легенди, како и навивачките групи.  Градоначалникот Илија Јованоски на прес конференцијата по тој повод, напомена дека врвниот приоритет е интересот на клубот.

„Фудбалскиот клуб Победа од неодамна го смени својот статус: до пред извесно време Победа беше акционерско друштво со пет акционери, секој со сопственост од 20%, сега четирите од петте концесионери во клубот, односно сопствениците на 80% од акциите го подарија својот дел на тројца фудбалски работници, членови на ФК Победа. Од тој момент Победа е фудбалски клуб на градот Прилеп. Од тие причини како градоначалник на градот Прилеп формирав координативно тело кое се состои од 9 членови и тоа: јас како градоначалник, тројца фудбалски работници кои ги примија акциите како подарок од акционерите и петте членови на Фудбалскиот сојуз од Прилеп кои се делегати во ФФМ.

 На првиот координативен состанок се договоривме дека од тој момент нема да има политика во ФК Победа, и наш врвен приоритет ќе биде интересот на Победа, на љубителите на фудбалот и на целата прилепска спортска јавност. Сите одлуки ќе ги носиме со консензус, а не со надгласување. На координативното тело се договоривме, градоначалникот да предложи кандидат за претседател на клубот и кандидат за спортски директор на клубот. Двата предлога беа едногласно усвоени: за претседател на клубот да биде избран Емил Јанески, а за спортски директор Благоја Гешоски, кои заедно со актуелниот тренер на ФК Победа Дарко Крстески да го водат клубот до крајот на првенството.

Во координативното тело ќе бидат вклучени и легенди на Победа кои значат многу за фудбалот во градот и пошироко. Исто така ќе вклучиме и членови од навивачките групи од општина Прилеп. Во моментот кога Победа се наоѓа во тешка состојба нашата помош и поддршката од градот е повеќе од неопходна, истакна градоначалникот Јованоски.

За новиот претседател Емил Јанески, инаку актуелен директор на ЈП Водовод и канализација Прилеп, приоритет е опстанокот на клубот во Втората лига – Исток.

– Ја добивам таа општествна одговорност, во наредниот период исклучително тежок да бидам на чело на ФК Победа. Ситуацијата во Победа, познато е не е добра, ни недостасуваат и финансиски средства и статусот на Победа не е посакуваниот – Победа грчевито се бори за опстанок во Втората лига Исток. Од тука се наметнуваат и целите: оваа година да создадеме услови за опстанок во Втората лига, а понатаму да размислуваме да создадеме услови Победа да го заземе своето место онаму каде што припаѓа – во Првата македонска фудбалска лига и да игра значајна улога во македонскиот фудбал.

Јас ветувам давам чесен збор дека нема да се дозволи политика во ФК Победа на овој стадион и во овие простории. Победа е градски проект, Победа е натпартиски проект. Се разбира ние овде сите заедно и не сме доволни да го подметнеме сами својот грб за доброто, за успехот на Победа, потребна ни е помош, од сите оние кои и ’ го сакаат доброто на Победа: од фудбалските работници, од бизнис секторот, од целиот општествен контекст на овој град и се надевам дека за брзо време како некогаш кога идевме со гордост да навиваме во недела, кога неделата ни беше празник, за брзо време се надевам дека истото ќе се случи, рече Јанески.

Одлуката избор на спротски директор падна на Благоја Гешоски.

– Нема да звучам скромно, одлуката за спортски директор, фудбалер кој потекнува од самиот клуб е паметна одлука во овој момент. Победа е пред се’ и од овој момент ќе се залагам за нејзин опстанок, како за натамошно поставување на заслуженото место и статус. Играчите ја имаат мојата целосна посветеност и ја имаат мојата целосна поддршка и заедно со нив, со Општина Прилеп со локалната самоуправа, со навивачите, со целиот град ќе се избориме да го спасиме нашиот клуб, рече Гешоски.

Тренерот Дарко Крстески ги потврди заложбите на целиот колектив:

– Пред се’ и над се’ е интересот на клубот и најважното нешто што треба да внимаваме сега. Донесувањето на ова координативно тело е многу добро и мислам дека е малку закаснато, бидејќи требаше да се оформи некаде на почетокот од годинава. Досега, ако не беше градоначалникот немаше ни да постоевме, бидејќи тој се залагаше најмногу. Мислам дека е добро, зашто на ваков начин знаеме дека стои некој позади нас, дека има и постои клуб. Досега беше тешко бидејќи едноставно се чувствувавме како сами во градов, рече Крстески.

Што се однесува до ставањето во функција на Градскиот стадион, се очекува ФФМ да ги заврши обврските со средување на теренот зад двата  гола, поврзувањето на рефлекторите и нивно сетирање – насочување кон теренот, така што неофицијално Победа последните натпревари од првенството би ги играла на домашен терен на градски. Деловниот простор под трибините кој што е во надлежност на Општина Прилеп, е во завршна фаза и се очекува до почетокот на летото да бидат подготвени за издавање под закуп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: