ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево викендов беше безбедна и атрактивна зимска дестинација

394
Викендов снежно Крушево очекува нови гости, зашто снег е најавено да паѓа веќе во петок.  Изминатиот викенд скијачките терени ги посетија над 3. 000 посетители во двата викенд дена,  кои уживаа во зимското сонце и снежните падини на Крушево . Б ројот на посетеност ги надмина и очекувања на локалната смаоуправа за овој период од годината, која подготвено ги дочека туристите кои пристигнаа од сите градови на Македонија, но најбројни беа оние од Пелагонискиот регион .
„Најпопуларно“ место за турисите беше ски центарот Станич. Пристапот до центарот беше целосно исчистен за пристигнување со автомобил ,  а во соработка со полициската станица,  сообрајќајот и покрај бројнаоста на туристите беше регулиран и се одвиваше без никакви проблеми, споедбено со другите зимско  – туристички центри во Македонија.
Посетители ја користеа  и жичарницата за да стигнат до ски центарот, а најмногу во сета оваа снежна идила уживаа децата,  кои со санки се спушаа по благите падини на снежно Крушево и уживаа во снежната белина.
Крушевчани велат дека и овој викенд се подготвени за нови туристите, нудејќи  нови содржини, нов снег, вкусна крушевска традиционална храна и топол чај за посетителите.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: