ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево постави агрометеролошка станица

531

Со цел навремени информации на земјоделците за состојбата со временските промени, Крушево постави агрометеоролошка станица во околината на компанијата „Еко Шар“ . Со ова станица , велат, познавачите на земјоделијето значително ќе се олесни одгледувањето на земјоделски култури за целиот крушевски регион со навремени и точни информации за сите околности.

Агрометеролошката станица е добиена во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен развој“ спроведуван од Центарот за развој на пелагониско плански регион, а финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој, каде се поставени 11 агрометеоролошки станици во Македонија, меѓу кои и во Крушево.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски му се заблагодари на Центарот за развој на пелагонискиот регион за овој проекит, и останатите релевантни институции, велејќи дека заеднички имплементираните проекти се во насока на подобрување на барањата на конкретни групи на граѓани според потребите кои се манифестираат на терен. „Со оваа агрометеролошка станица земјоделците од овој регион ќе имаат поверодостојни информации за поуспешно одгледување на земјоделски култури.„-нагласи тој !

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: