ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

КУПИ И ПОДАРИ ОБРОК-НАХРАНИ СЕМЕЈСТВО, хуманитарна акција на прилепските Лајонси и ресторани

815

Лајонс клубот од Прилеп започна донаторска акција во соработка со повеќе ресторани од Прилеп. Станува збор за хумана иницијатива со која граѓаните при купувањето во рестораните ќе можат да донираат, да подарат оброк за социјално загрозените семејства во општината. Досега се вклучени 5 фирми кои што работат со приготвување на храна, пицерии, ресторани или кетеринг служби. Како што велат од Лајонс клубот доволно е луѓето да изразат желба да помогнат, да платат оброк, а потоа доставата на храната е на домашна адреса на семејството.

Ова е актуелната хуманитарна акција на прилепските лајонси, кои пак и изминатиов период заедно со останатите лајонс клубови од земјава, беа вклучени со донации за време на пожарите за храбрите пожарникари обезбедувајќи вода и освежување. Додека пак во Прилеп беа вклучени со помош за петчлено семејство чиј што дом (од социјалните бараки во населбата Варош) изгоре при пожарот минатиот месец. Донацијата беше финансиски обезбедена од лични средства на членовите од Лајонс клубовите на Дистрикт 132 со облека, обувки, јоргани, перници, постелнина, комплетен училишен прибор за најголемото 12 годишно дете.


Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: