ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од првиот национален саем за храна и пијалоци “Вкуси ја традицијата”

326

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со СОУ “Орде Чопела” Прилеп и локалните производители зедоа учество на Првиот национален саем за храна и пијалаци – “Вкуси ја традицијата” кој се одржа на 11 ноември (сабота) 2022 година пред езерцето во скопскиот Градски парк.

На саемот се претставија повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија меѓу кои и ЛАГ АГРО ЛИДЕР, кои пред многубројните посетители преку презентирање на своите производи го промовираа македонското земјоделство и гастрономија.

Домашните македонски производи се разновидни и вкусни. Тоа е приказна за неверојатен спој од домашни состојки, извонредни традиционални рецепти на македонскиот менталитет што резултира со уникатни производи.

Во организација на Слоу Фуд Македонија со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овој саем овозможи презентирање на земјоделски производи, храна и пијалаци, истовремено издигнувајќи го значењето на домашните производители за зачувување на традицијата и македонската гастрономија.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: