ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Левица: Во Комуналец набавка на канцелариски мебел е недомаќинско трошење на народните пари

609
Од локалниот огранок на партијата Левица – Прилеп, денеска укажуваат на обид за недомаќинско трошење на буџетски пари во ЈКП Комуналец Прилеп. Во реакцијата на партијата се наведува дека на третата седница на Управниот одбор на јавното претпријатие (одржана на 25 ти јануари), каде член е Атанас Белокоски од партијата Левица, од негова страна било посочено за наводно недомаќинско планирање за набавка на канцелариски мебел во висина од 1 милион денари:
„Левица го претставува гласот на народот во институциите на системот, затоа, секогаш граѓаните ќе бидат известени како се раководи со народните средства, добра и опрема.
Сакаме да ве известиме дека на 25.01.2022 година, во просториите на ЈКП Комуналец, се одржа трета по ред седница на управниот одбор на ЈКП Комуналец. На втората, по некоја случајност, печатна грешка или што не, нашиот член Атанас Белокоски не беше известен за терминот на одржување и не присуствуваше, но не по своја желба.

На третата седница на управниот одбор, на дневен ред поставена е точка за план за набавки за 2022 г на ЈКП Комуналец и истата е усвоена, но откако се поставија битни прашања и забелешки од моја страна со оглед на конструкцијата на точките од планот за набавки и распределбата на средствата.

Битна и главна забелешка е планот за трошење на не суштински средства од буџетот на ЈКП Комуналец, во време каде што јавното претпријатие се соочува со тешкотии во економско опстојување. Така да, планирање на средства за канцелариски мебел воопшто не се гледа суштински за ефикасност на било кое претпријатие или компанија.
Се надеваме, овие не суштински трошоци да се нулираат оваа година и тие средства да се пренаменат на вистинското место, како и што беше ветено од надлежните. Доколку тоа не се случи, јавноста ќе биди известена каков бренд на мебел и по која цена ќе биде набавен, се вели во реакцијата на Левица,во која е приложен и планот за јавни набавки на ЈКП Комуналец Прилеп за 2022 година, кој што бил предмет на дискусија на Управниот одбор на ова јавно претпријатие.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: