ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп. Патот веќе не е во прекин

988

Две лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на излезот од Битола, на магистралниот пат што води кон Прилеп.

Во сообраќајката, евидентирана во 16:15 часот, учествувале две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици, а животот го загубиле две лица.

Во сообраќајната незгода учествуваале патничко возило марка „Ситроен Ксара”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот прилепчанец П.В. и патничко возило марка „Ситроен Ц1″, со битолски регистарски таблички, управувано 64-годишниот норвешки државјанин З.Р., со кого патувала и Норвежанката A.E. (49).

Во незгодата од повредите на лице место починале двајцата возачи, а A.E. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.

Сообраќајот на патниот правец Битола-Прилеп во непосредна близина на бензинската станица „Пелагонија“ беше во прекин сѐ додека не заврши истрагата за причините за тешката сообраќајна несреќа, па возилата се пренасочуваа на околните патишта.

Моментно , сообраќајот на патниот правец А3 – Битола – Прилеп е нормализиран , од 19:25 часот, информира АМСМ.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: