ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонската ракометна репрезентација патува на Европско, во составот не е Никола Митрески!

436

Македонската репрезентација денеска патува во Унгарија, каде од четврток 13 ти јануари започнува со настапите на Европското првенство. По направените Ковид тестови, последни пред тргнување на нашите најдобри ракометари, и пресуден за тоа кој ќе може да настапува.

Поради позитивни резултати на последното тестирање отсуствуваат двајцата голмани Никола Митревски и Марко Кизиќ, а од истите причини првенството го пропуштаат Гоце Ојлески и Михајло Младеновиќ.

Дополнително се повикани двајца чувари на мрежата Градимир Чаневски и Благојче Трајковски. Според протоколот на Европската ракометна федерација играчите кои имаа позитивни резултати на тестовите во следниве пет дена ќе бидат во изолација, а потоа доколку во рок од 24 часа имаат два негативни теста ќе може да и се приклучат на репрезентацијата.

Ова е составот на македонската репрезентација :

Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор Кирил Лазаров
Таборот на македонската ракометна репрезентација заминува денес во 14:10 часот за Дебрецин, каде в четврток од 18 часот се игра првиот натпревар од првата групна фаза со репрезентацијата на Словенија.

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: