ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мицкоски за спорот со Бугарија: Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме

260

Навистина е нејасно зошто се радува Бугарија, а Владата на Македонија молчи. Нејасно е и на што се должеше тоа што двете страни го опишуваат како придвижување во разговорите, за да на крај ни кажат дека договориле заедничко чествување на Цар Самоил. А истово ова го соопшти и Заев дека го договорил уште пред 2 години, рече  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот пред Унијата на млади сили во Прилеп во врска со спорот со Бугарија.

Мицкоски вели дека сега власта играјќи на картата на кратко помнење на народот сакаат да ни кажат дека треба повторно да се радуваме за продавање на работа која веќе ја продале во 2019-та година.

– А воедно кога ќе го прашаат Ковачевски кога датум за преговори со ЕУ? Тој ќе одговори, не робувал на датум. Може Ковачевски не робува на датуми ама изгледа и не робува и на ветувања, затоа што партијата чијшто претседател е, дојде на власт со ветување дека ЕУ ќе дошла веднаш и сега. А гледаме дека со СДСМ нема ниту ЕУ, а нема ниту иднина, туку само криминал и тендери, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ за прашањето со Бугарија има многу јасни позиции, и е против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство.

– Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси и нема повеќе отстапки кои Владата ги опишува со реченица „Ајде само уште ова и само што не дошло подобро време“. Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди. Туку такви какви што сме Македонци, со богата историја, со свој јазик и идентитет, нагласи Мицкоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: