ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мицкоски: Изминатите 4 години го ставија Прилеп на дното од приоритетите на оваа Влада

695

Вечерва во Прилеп ВМРО ДПМНЕ одржа на трибина наречена „Промоција на политики – Македонија за сите луѓе” на која беше промовиран Др. Борче Јовчески – кандидатот за градоначалник од редовите на партијата за претстојните локални избори.  Лидерот на партијата Христијан Мицкоски се осврна на повеќе приоритети и проекти за кои, рече дека Прилеп ќе го вратат во некогашниот развоен пат.

-Сакаме ние да понудиме иднина и она кое што навистина повторно ќе го врати приоритетот на Прилеп, град кој што е најразвиен и најперспрективен град во Македонија. Така што денеска тука во Прилеп ќе имаме можност да го промовираме проектот кој што започна овде од Прилеп, а тоа е проектот изградба на ново автопатско решение Скопје, Велес преку Бабуна, Прилеп, Битола, Меџитлија. Но исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина. Тука до мене е и идниот градоначалник на Прилеп, доктор Борче кој што е овде човек за кој што веќе сите гласно зборуваат дека е идниот градски татко и идните четири години, а зошто да не и понатаму да го препороди навистина Прилеп, и да го крене од ова мочуриште во кое што денеска се наоѓа, рече Мицкоски.

Љубовта кон родниот град со визија за негов развој била пресудна за кандидатот доктор Јовчески да ја започне политичката битка за „татко на градот“

– Кога се согласив да бидам кандидат за градоначалник на нашиот град, прва идеја ми беше и во иднина да продолжам да работам со истиот ентузиазам и да допридонесувам за сите кои го САКААТ Прилеп, за сегашните и идните генерации. Сум имал можност да го напуштам градот, но тоа не одговара на мојот карактер. Моето мото е дека каменот си тежи на местото! Зарем има поубаво место за еден прилепчанец, од местото во кое се родил, низ чии улици пораснал, низ чии школски клупи другарувал, од местото во кое живеел и дејствувал? Јас сум сигурен дека нема! Можеби сите не размислуваат вака, но сепак според мене најдобро е кога работиш и се ангажираш за своите сограѓани. И да знаете ќе ИМАМЕ МНОГУ ЗА РАБОТА. Кога велам многу, мислам на наредните 4 години, мислам на многу непреспиени ноќи изработувајќи, реализирајќи проекти, настани, инвестиции и заеднички успеси! Затоа што Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа, истакна Др. Јовчевски.

Негова прва задача како градоначалник ќе биде да се направи пресек, ревизија на целокупното работење во минатите 4 години на локалната самоуправа  и јавните претпријатија.

-И како што велиме ние во Прилеп, за да имаме чиста сметка и долга љубов, прва задача ќе биде да се направи еден пресек, една ревизија на целокупното работење во минатите 4 години на локалната самоуправа  и јавните претпријатија. Мора да се знае каде бил потрошен секој ЕДЕН денар од граѓаните, буквално секој денар. Тоа мора да биде така, не само за да бидеме отчетни и за да почнеме од нула, туку за и ние да имаме НАМУС, што би рекле моите пријатели од Канатларци, односно, да можеме и по 4 години, повторно да ја побараме вашата поддршка за чесното и наменско трошење на буџетски средства, рече Др. Јовчевски.

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на  трибината потенцираше на проектите кои ќе бидат реализирани.

-ВМРО-ДПМНЕ е позната по проекти, и ние то а што ќе го ветиме ќе го исполниме. Зборуваме за гасификација, зборуваме за дигитализација, зборуваме како помалку да има ред во Општината односно како помалку луѓето да чекаат ред и да бидат услужени веднаш први, да не чекаат многу, да има нормално работење”.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: