ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Младинци во виртуелна посета на Собранието

630

Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп во рамките на активностите од проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата II фаза“,кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија, организираше посета Собранието на Република Северна Македонија на средношколци од 10 средни училишта од Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Дебар, Куманово, Штип, Велес, Гевгелија и Долнени вклучени во проектот.

                Имено повеќе од 150 ученици преку виртуелната обиколка што се организира во соработка со Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонијасе запознаа со надлежностите на Собранието од една страна и со неговата организираност од друга страна. Пред младинците беа претставени салите за работа и состаноци. Учениците беа информирани за историјата на овој објект, за начинот на изградба и функционалност, а уште повеќе за начинот на денешното негово користење.

            Учениците беа задоволни од посетата и запознавањето со Собранието.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: