ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Надеж за сите„ со донација за прилепската болница

1.267

За помош и заштита на медицинскиот персонал во ковид центарот во Прилеп, хуманитарното здужение „Надеж за сите“ донира 600 заштитни маски и 18 кутии со заштитини медицински ракавици. Висината на донацијата е во вредност од 500 евра, велат тие.

„Висината на донацијата е во вредност од 500 евра, а донаторот е од странство и сакаше да остане анонимен . Ова е наша прва донација од Здружението “Надеж за сите„ за болницата „Борка Талески“, но нема да биде последна.„

Благодарност за идејата и донацијата изрази дир. на ЈЗУ ОБ “Борка Талески“- Прилеп, Кети Смилеска, на која денеска и беше прв работен ден. Таа истакна дека болницата стои на располагање за сите донатори и хумани луѓе, бидејќи здравјето на граѓаните е пред се, и, упати апел до останатите хуманисти да се вклучуваат во вакви и слични хуманитарни акции.

„Боројките покажуваат поголем наплив на пациенти во следните денови, па насоките на болницата се движат кон оспособување на модуларната болница. Вчера, имавме технички прием од страна на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство. Останува да доведиме електрична енергија во објектот и довод на кислород„ – истакна дир.на ЈЗУ ОБ „Борка Талески„- Прилеп, Кети Смилеска

Следна активнот – помош за Матеј

При оваа средба здружението „Надеж за сите“, упати и апел до сите добронамерници,повотрно , за помош на малиот Матеј Алексоски ,кој е болен од церебрална парализа и на кој, за следната операција му се потребни уште 2000 евра.

12-годишниот Матеј Алексоски од Прилеп боледува од церебрална пapализа, а наредниот месец треба да оди на опepaциja во соседна Србија, во болницата “Медикус” во Чуприја. Операциjaта треба да се изведи на неговата лева нога, односно на тетивата, со цел да му се овозможи на Матеј полесно да се движи, а за зафатот потребни 2850 евра, средства кои семејството не може да си ги дозволи.

На оваа сума потребни се дополнителни средства за патни трошоци и сместување.

Да донираме и да му помогнеме на Матеј да има што побезгрижно и понормално детство!

Трансакциска сметка за Македонија: 200001992069107 – Тања Алексоска – Стопанска Банка АД Скопје

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: