ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Над 8 милиони евра ќе распределат акционерите на Мермерен Комбинат АД Прилеп

1.172

Доколку одобри Собранието на ационери, на седница која ќе се одржи на 16 октомври,  „Мермерен комбинат“ АД Прилеп ќе распредели над 8.03 милиони евра (494.456.253 денари) за  дивиденда за 2019 година. Ова го соопшти компанијата преку Македонска берза. Според предлог одлуката, дел од акумулираните добивки на Друштвото остварени пред 2019 и во 2019 година во вкупен износ од 494.456.253 денари ќе се рапределат како дивиденда за обични акции. Износ на бруто дивиденда за 1 (една) обична акција изнесува 1,71 EUR (1 EUR = 61,695 денари). Средствата за дивиденда за обични акции ќе се распределат во пари.

Исплатата на дивидендата треба да започне на 02.11.2020 година.

„Мермерен комбинат“ АД Прилеп е во доминанта сопственост на две странски правни лица. Мнозински сопственик е холандската компанија која работи со производство и продажба на мермер „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ кој поседува 89,25 отсто од акциите со право на глас и грчката „Пиреус банка“ која како старател управува со 10 отсто од акциите на компанијата. Мермерен Комбинат е основан во 1946 година и оттогаш експлоатира и обработува бел мермер.

Во рамките на комбинатот се работи на пет големи каменоломи на основа на долгорочна концесија, а пристаништето во Солун, Грција компанијата го користи како главен логистички центар, за дистрибуција на мермерот SIVEC® на сите континенти.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: