ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Најдобри ќебапи прават учениците од СОУ Наум Наумоски Борче-Крушево

448

Се не уморни во освојувањето на нови знаења, но  и на награди – учениците од СОУ Наум Наумоски Борче – Крушево, од угостителскиот смер,  зедоа учество на „Роштиљијада“  во Лесковац, Р Србија, ја преставуваа Македонија со своите кулинарски вештини,  и освоија награда. Тие како натпреварувачи,  беа дел од „Натпреварување на мајстори за подготување на скара од средни угостителски училишта„  кое се одржа во Лесковац помеѓу осум училишта од неколку држави, и го освоеија III место во категоријата „подготвување на ќебапи„.

 

Душица Теља и Филип Јовановски  – СОУ „Наум Наумовски Борче, Крушево 
Првото место во категоријата подготвување на ќебапи го освоија Милан Богданович и Анџела Шучурович  од угостителското училиште од Врњачка Бања, второто им припадна на Петар Антич и Милан Николич од – ТУШ, Лесковац, а трето  место го освоија Душица Теља и Филип Јовановски  од СОУ „Наум Наумовски-Борче, Крушево.

Нивниот ментор,  Оливера Карева горда на своите ученици , истакна дека тие го дале најдоброто и научиле многу од овој натпревар кои имал за цел дружба и запознавање со другите гастрономски вкусови кога е во прашање меленото место. „Ако го даваме најдоброто од себе, тогаш ние сме успешни“-  рече таа среќна што учениците од ова угостителско училиште секогаш освоуваат награди и се желни за нови знаења по гастрономијата.

 

 

Душица Теља, Филип Јовановски со нивниот ментор, Оливера Карева – СОУ „Наум Наумовски-Борче, Крушево.

 

Роштиљијада“ и натпреварувањето во Србија се одржува на 26 август, по 29 пати.  Учесници во натпреварувањето беа средните угосителски училишта  од Лесковац, Врњачка Бања, Вујче, Белград,  Врање од Србија, ученици од Чустендил од Бугарија и ученици од СОУ Наум Наумоски Борче-  Крушево од Македонија, кои се натпреваруваа во три категории: подготовка на ќебапи, плескавица и иновации од мелено месо.

Во сите три категории како свеукупни победници на натпреварувањет беа учениците од средното угостителско училиште од Врњачка Бања.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: