ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Утревечер на Могила ќе се прикажува претставата „Црнила ремикс“

181

Музичко-драмскиот перформанс „Црнила ремикс“ во режија на Јордан Симонов, продукција на Младинскиот културен центар, утревечер, сабота (27 мај) во 21 часот ќе биде изведен на Могилата на непобедените во Прилеп. Гостувањето го организира МТФ „Војдан Чернодрински“, во чест на авторот во фокус Коле Чашуле, како најава на 57. издание на фестивалот, што ќе се реализира од 9 до 16 јуни.

Гостувањето е подарок на театарскиот фестивал за својата публика во Прилеп, вели Ана Стојаноска, директорка на фестивалот.

-Како што Коле Чашуле го посвети името Могила на непобедените, така МТФ „Војдан Чернодрински” го посветува овој настан на нашиот автор во фокус Коле Чашуле – вели Стојаноска.

„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на „Зад аголот“ нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип- хоп супкултурата.

Претставата имаше премиера на 28 септември 2018 година. За музиката и препевот во претставата се погрижија Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад аголот“). Улогите ги толкуваат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска (Емилија Мицевска), Павле Димковски. Сценограф и костимограф е Илина Ангеловска. За видеото се погрижија Милан Блажевски и Борис Таковски. Дизајнер на тон – Симон Кипровски, дизајнер на светло – Илија Тарчуговски. Графичкиот дизајн е на Бисера Михајловска, а за фотографијата се погрижи Кире Галевски. Продуцент е Русе Арсов.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: