ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

НА ПОЛУВРЕМЕ НАСЕТИВМЕ ДЕКА УМРЕЛ ТИТО

100 години фудбал во Прилеп

299

За месецот мај се вели дека е најубавиот, но така не беше во 1980 година. Тогашниот мај вниманието на целата држава Југославија се сврти кон Клиничкиот центар во Љубљана, каде во критична ситуација лежеше претседателот Јосип Броз – Тито.

Дојде недела, 4 мај. Се игра редовното 23. коло од Втората југословенска лига – Исток. Прилепска Победа во битката за опстанок и гостува на Сутјеска во Никшиќ. Прилепскиот клуб е предводен од претседателот Благоја Миноски – Мината.

– Иако Сутјеска ни беше конкурент во таа борба за опстанок, наидовме на срдечен пречек. Нивниот претседател, некој офицер, воено лице во цивилна облека, ме повика во ложата. Пиевме кафе, сок, како најблиски пријатели. Така помина првото полувреме. Но, штом почна одморот, некој непознат влета во просторијата, очигледно вознемирен и исплашен. Дојде до офицерот, му шепна да излезе надвор. Офицерот ми рече дека одма ќе се врати. Но… Помина целиот меч и ни трага ни глас од него – се сеќавањата на Мината.

Штом го снемува офицерот, веднаш сомнежите дека нешто страшно се случило. А дека сомневањата биле оправдани, се потврдува дури неколку часа по заминувањето на офицерот. Екипата на Победа, по поразот од 1:0 ги пакува куферите и заминува за дома со автобусот од „Пелагонија турист“. По пат се пушта радиото за да се слушнат останатите резултати од Втората лига.

– Цело време одеа некои тажни звуци од опери, класична музика. Којзнае колку радиостаници сменивме и секаде исто. Едно време престана музиката и спикер, без поздрав, одма извести: „Умре Тито!“. Дури тогаш ни стана јасно зошто на полувреме исчезна офицерот – си спомнува Миноски.

Извор: www.shampion.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: