ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На 1-ви јуни ќе се одржи „Прилеп фест“

389

До 1-ви јуни, кога почнува фестивaлската вечер, остануваат уште мали детали за  одржување на  седмото издание на фестивалот „Прилеп фест“  и за убавата македонска музика.  Фестивалот ќе се одржи во  Центарот за култура „Марко Цепенков“, каде ќе настапат познати музички фолк ѕвезди од нашата земја, но и од соседството. Радио Пела како еден од медиумските покровители , минатата година, направи неколку интервјуа со познатите македонски фолк пејачи кои предизивкаа одгромна популарност кај публиката .

 

 

Јордан Митев (Прилеп фест 2022)

Очекувањата за оваа оваа година се уште поголеми , кога е во прашање  квалитетот на фестивалот и изведувачите. Советот на фестивалот успеа да создадат можности да се пејат македонски современи песни, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од елитата на македонски автори.

Татијана Стефановска (Прилеп Фест 2022)

 

На листата на изведувачи на овогодинешниот фестивал се : Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Живе Мешуревски и Анастасиа Митровска, Лили Семкова (Бг), Владимир Поповски, Дрим Тим, Благоја Груевски, Алтернатор, Круна, Петар Нечовски, Дани Тик-Так, Даце Николовски, Фортуна, Барбика, Јордан Митев, Ирена Спасовска, Спасе Антевски и Марија Донева. Домаќин на овогодинешниот фестивал е познатата Каролина Петковска од Македонската радио и телевизија.

Инаку организаторите на фестивалот ветуваат одлична вечер, со одлични нумери.

„Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни изведени од најдобрите изведувачи од земјава и странство“ – велат од Советот на фестивалот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: