ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Незадоволството ги здружи земјоделците!

1.004

По јавниот повик од новоформираните тутунски здруженија, за изразување заеднички револт и незадоволство од актуелните состојби и политики во аграрот, испратен пред неколку дена до сите асоцијации, здруженија од земјоделството, со цел постигнување на заеднички договор и настап пред институциите и јавноста, првичниот договор се случил денеска во Неготино. На средбата присуствувале претставници од различни агро – сектори, се вели во соопштението од Игор Мирчески, координар на новоформираните тутунски здруженија :

„Денес на иницијатива на новоформираните тутунски здруженија се одржа работен состанок во Неготино во присуство на преставници на сите сите земјоделски гранки, здруженија и нивни претставници. На средбата покрај тутунските здруженија беа присутни претставници на сточарите, млекарите, оризопроизводители, лозаропроизводители, градинарите, а заради работни обврски на состанокот не беа присутни пчеларите и производителите на житни култури кои изразија безрезервна поддршка на сите заклучоци донесени на денешниот состанок како и на сите наши активности кои ќе се преземат во иднина. Ја користам оваа, прилика на сите присутни и на оние кои изразија подршка, а тука сакам да ги напоменам и посебно одгледувачите на овци, и да им се заблагодарам пред се’ на храброста и тоа што се одважија конечно сите заедно, сплотени да ги решаваме нашите проблеми. На средбата се констатира дека земјоделието се наоѓа во катастрофално лоша состојба и дека нема подсектор кој може да се пофали со позитивни резултати. Неисплатени субвенции, неисплатени мерки, подмерки, неисплатени така наречени ковид помошти, пробиени рокови за исплата на истите, погрешни политики од владата и тотален хаос во земјоделието. Производство кое е доведено до раб на рентабилност имајќи ги предвид производните трошоци кои во последно време се зголемени за повеќе од 35%. Производство без регулирани цени и загарантирани откупи по формулата – снајди се кој како знае и умее. Сите присутни едногласно се изјаснија дека треба да се повлече Законот за продажба на државното земјоделско земјиште како штетен за земјоделието и земјоделците во Македонија и се донесе едногласен став дека ниту сега, ни во иднина не смее да се врши распродажба на општото добро во државата. Оваа територија, таа почва е со крв платена од нашите претци и ни е оставена во аманет и за идните генерации и затоа најостро ќе се спротиставиме на овој обид да ја запоседнат нашата земја еден грст моќници. Исто така на средбата се констатира дека последен клинец на ковчегот на земјоделците е зголемувањето на нафтените деривати кои директно ќе влијаат врз уништувањето на земјоделецот, кој, и онака е во катастрофална финансиска состојба. Исто така се донесе едногласен заклучок дека овие состојби се неодржливи и трпението е при крај и затоа земјоделците СПЛОТЕНИ заеднички и здружени ќе организираат генерален штрајк на кој ќе го изразат својот револт на игнорантскиот однос на власта и министерството кон земјоделието и земјоделците, кој што ќе се случи многу наскоро, за што земјоделците ќе бидат благовремено информирани за денот и часот на протестот. ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД МАКЕДОНИЈА САМО СЛОЖНО ЌЕ УСПЕЕМЕ!, се вели во соопштението од координатор на новоформираните тутунски здруженија, Игор Мирчески.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: