ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Неизмерна хуманост и храброст од прилепско семејство чие момче трагично загина

395

Човечност, храброст, бескрајна хуманост е гестот – донација на органи од починат донор кој што го направи прилепско семејство. Како што неофицијално дознаваме станува збор за семејството чие што момче трагично почина од последици во сообраќајната несреќа која се случи на 15 ти овој месец кај селото Славеј. Според информацијата од Министерството за здравство, семејството одлучило да ги донира органите од момчето и веќе била направена експлантација и трансплантација на повеќе органи.

“Вчера во претпладневните часови едно храбро семејството одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт.

По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега.

Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.

И за тоа сме им бескрајно благодарни.

Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат”, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: