ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Не’ очекува тешка година, агроклиматските услови се изменети!

Кои се препораките од агромите поради најавите за суша и високи температури

396

Не’ очекува тешка година и според најавите на стручњаците од областа на земјоделството и метеорологијата ќе бидат потребни прецизни стручни подготовки во однос на одржување на постоечките и заштита на планираните посеви и насади како никогаш досега. И оваа зима не обезбеди снежна покривка и врнежи  толку потребни за посевите од житни култури. Но, климатските промени и зголемувањето на просечните температури се наша реалност и земјоделците се приморани да делуваат и инвестираат согласно временските прилики за заштита и превенција. Земјоделците се во период на планирање за почеток на расадопроизводство во градинарството и тутунопроизводството.Ова е повод за разговор со Ели Ристеска од  земјоделската аптека Фиталија, агроном со долгогодишно искуство, ценет, признат стручњак од колегите и од земјоделците.

–  Со оглед на климатските прилики:  што треба да се знае за стартот на земјоделските работи (кога да се почне со расадопроизводство) за пиперка и тутун, кои подготвителни работи треба да ги направат за збогатување и припрема на почвата и кои препарати се најдобри за збогатување на почвата која се користи за расадопроизводство? Која сорта пиперка ја препорачувате како најпогодна на нашето прилепско поднебје.

Најдобар период за сеидба на тутун и пипер е 15 ти март до почетокот на април. Во тој период е најприкладно бидејќи се избегнуваат стресните услови од ниски температури и со тоа неможност за добра вегетација на културата. Поради најава на суша и стресни услови, препораката од искуство е да се насадат култури и сорти кои се отпорни на стрес. Таква сорта на пиперка е „Пловдивската капија“ која е бугарска сорта на пиперка, што пак фасцинира со својот квалитет и вкус. Пиперките се големи, прави и сјајни. Имаат добро формирана двоѕидна или триѕидна форма и достигнуваат должина до 18-20 см. Нивната внатрешност е месеста, сочна, нежна и ароматична, а  висока густина овозможува да бидат подложени на термичка обработка и да се користат свежи или за подготовка на вкусни јадења и конзервирање. Покрај тоа, тие го задржуваат вкусот дури и кога се замрзнати. Разновидноста е високопродуктивна. Погодна е за средно рано производство. Растенијата се високи 50 – 70 cm, добро ги поднесуваат летните горештини и се отпорни на болести. Оваа сорта има просечен принос од околу 5 тона по хектар.

На ориенталниот тутун време на вегетација му е 70 до 75 дена. За да нема предвремено цветање,  да има добро развиен коренов систем, да нема брз раст и да се одликува со сразмерен вегетационен развој.  Најсоодветно за тутун и пипер да се старува со калциум, да се посее добро семе отпорно на стрес. Житните култури исто така треба добра заштитат и добро презимување за да има добар род. Посебно пченицата одредени стручњаци се ориентираа на цикадите и ги насочија земјоделците да третираат на минусни температури, бидејќи не ги заштитија навремено. Сега се очекува намалување на производството поради несоодветна заштита, посочува Ристеска од земјоделската аптека Фиталија.

– Остануваат уште месец дена до крајот на зимата која не ги донесе посакуваните снежни врнежи неопходно потребни за житните култури. Има ли потреба овој период од прихранување и заштита на посевите, што би било најкорисно за посевите за превенција од болести и штетници, но и за збогатување на почвата?

Ѓубривото Леондрит и Зеолит Леонардит претставува природно оксидиран лигнит кој содржи висок процент на хумусни киселини. Кога зборуваме за Зеолит, не зборуваме само за еден камен, туку за цел минерален комплекс од природно потекло добиен од вулканските стени, во кои се наоѓа. Имено, Зеолитот претставува збир од неколку различни минерални компоненти, започнувајќи од натриумови, калиумови, алуминиумски и калциумови, па се до највредниот клиноптилолит, кој претставува кристален облик на Зеолитот и кој е идеален за употреба кај културите. Се работи за 100% природна супстанција, која е една од најпроучуваните суплементи на современото доба.

Станува активна дури откако механички ќе се обработи, и како таков, понатаму може да се користи во медицината, фармацијата, земјоделството, но и во сточарството и живинарството. Тоа ѓубриво може да се најде само во земјоделска аптека Фиталија.  Се работи за минерално ѓубриво Исто така располагаме со добро познатиот биостимулстор Есера Тобако врз база на Зеолит, но оваа година поради климатските услови попратно ќе оди со уште еден биостимулатор кој што исто така ќе го имаме на располагање во земјоделската аптека, вели агрономот Ристеска.

– Крајот на зимата е период кога овоштарите, веќе започнуваат со кроење, чистење и подготовка на расадниците. Што треба да преземат за заштита на овошките кои се вашите препораки за препарати кои ќе обезбедат заштита од болести и штетници?

Овој период од големо значење е заштита на овошните и лозовите насади. Моја топла препорака е да се користи Кураме италијански фунгицид со системично и куративно дејство и е дел од ИПМ програмата. Фиталија покрај Есера Тобако ќе располага и со нови органски биостимулатори. Минатата година Есера Тобако имаше ефект, а оваа производна сезона ќе има поуспешен ефект со нова програма прилагодена на климатските услови. За прв пат во Македонија располагаме и со ѓубрива од животинско потекло со висок процент на микроорганизми потребни за почвата како пробиотик. Земјоделците со кои години наназад соработуваме знаат дека исто и органски ѓубрива врз база на калиум фосфор и азот од растително потекло, вели Ели Ристеска, агроном со големо искуство од земјоделската аптека Фиталија која се наоѓа (позади катната гаража кај старата автобуска станица).

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: