ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Николовски: Го цениме трудот на секој еден тутунопороизводители – го промениме моделот на субвенционирање во тутунопроизводството

496

Mинистерот за земјоделство, Љупчо Николовски денеска во Прилеп, во откупните пунктови на Тут-Ком, при средба со тутунарите наласи дека оваа година се очекува да бидат откупени 21 илјади тони тутун. Тутунарството е стратешка земјоделска култура, која носи годишен прилив од 140 милиони евра, рече министерот Николовски.

„ Горед сум на политиките кои се спроведија во 2017, а тоа е ветеното во 2016 година, да го промениме моделот на субвенционирање во тутунопроизводството, и тоа го направивме за реколтата од 2016 г. Тоа е една од првите политики кои ги променивме во земјоделството и кој денеска дава резултат.

Денеска откупните цени се 300 денари за Прва класа, 240 ден, Втора класа, 180 ден, трета класа. Овие успеси се базираат на сите овие политики кои ги преземавме во целиот овој период. Го донесовме Законот за тутун, согласен со сите европски директиви, ги олеснивме административните процедури во институциите, ги укинавме евидентните листови, за тутунопроизводителите да се фокусираат на производството, а не на административните бариери.

Во 2017 г, 2018 г, 2019 година, просечната цена на тутунот, за првапат надмина 215 дин. по килограм и тоа беа историски најголемите цени.  Денеска, зборуваме за нов рекорд, над 29 илјади склучени договори, 15% зголемени површини, просечна откупна цена која е 261 денар. по килограм тутун, со зголемени субвенции од 70-80  и 60 денари. Ова се факти кои говорат за одговорноста и сериозноста на Владата во делот на ова традиционално производство кое и во процесот на преговори со ЕУ ќе биде заштитено. Од тутунопроизводството опстојуваат над 20 илијади семејства и Владата со политиките покажува максимална сериозност , како треба производителите да се  заштитени.

Оваа година, за прв пат, преку Програмата за рурален развој, беше распишана нова мерка за набавка на опрема за тутунопроизводство. Склучивме 29 договори , по 4 милиони денари по корисник, се со цел да испратиме порака дека  не се само субвенциите, туку и преку други мерки даваме поддршка на ова производство.

Оваа година имаме предвидено и рекорден буџет во земјоделството, па тутунопроизводителите да бидат сигурни по завршувањето на откупот дека Платежната агенција ќе ги исплати сите средства кон тутунопроизводителите, но дека се обезбедени пари и за новиот модел на субвенционирање. Го цениме трудот на секој еден тутунопороизводители!„- рече Николоски при денешната посета во Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: