ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ

236

Завршена е изградбата на атмосферската канализација за селата Долно и Горно Агларци во должина од 600 метри, атмосферска канализација во должина од 255 метри за Горно Агларци и 305 метри за Долно Агларци, преку програмата за Фосилни горива од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Ваквите проекти се од особена важност за жителите на нашата општина како превенција и заштита од поплави, имајќи поредвид дека нашата општина и воопшто Пелагонија се подрачја кои се често склони на вакви  несакани природни непогоди. “ посочил Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Вредноста на овие проекти изнесува 771.359,00 денари за Горно додека 926 506,00 денари за Долно Агларци.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: