ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Новите книжни дела на Тинтоска го збогатија литературното творештво

816

Билјана Тинтоска, професорка по македонски јазик, писател, автор на неколку литературни дела, вљубеник во пишаната реч, деновиве го збогати својот литературен опус со уште две нови дела, романот „Ангел во тело“ и збирката раскази „Работилница за живот“.

Промоцијата, на книгите, која се одржа во холот на училиштето, СОУ „Ѓорче Петров„, каде што таа работи како професор по македонски јазик, беше претесен за сите вљубеници во литературата, кои беа дел од оваа интересна промоција, збогатена со изведба на песни од македонското народно музичко творештво, во изведба на хор од нејзини ученици и музичките изведувачи: Благица Блажеска, Кире, Невена и Вања, како една симоблика за највата на нејзината книга-раскази, која е всушност исткаена со почетни стихови од македонски изворни песни и прекрасните интерпретации на  промоторките, Габриела Стојаноска – Станоеска и Лидија Ристеска.

Книгите,  романот „Ангел во тело“ и збирката раскази „Работилница за живот“ всушност се две нови дела на Билјана Тинтоска, во кои повторно преовладува љубовта, возвишена во сите нејзини облици, исткаена со сето она што го носи животот, и добро и лошо.

Инспирирана од македонската народна песна, следејќи и избирајќи при тоа 12 македонски народни песни, „колку што има месеци во годината, како 12-сет Апостоли„,како што вели авторката, мотивирана од тоа да го доближи македонскиот убав народен мелос до младите, Титноска ја создава збирката раскази „Работилница за живот“. И, покрај, ваквиот концепт и пристап на градење на расказите „Работилница за живот“ преставува збирка од современи раскази, со современа тематика и проблематика, каде што младите луѓе можат да најдат голем број пораки кои би им послужиле како водилки во животот.

Не помалку инспиративен е и романот „Ангел во тело“ со тематика од здравствената професија, која произлегла како инспирација од професионалната работа на Тинтоска како професор во медицинско училиште, односно од генералното опкружување на авторот. Романот ја опишува,пред се, лекарската професија, потенцирајќи го значењето и вредноста на ова особено хумано занимање, кое има улога да се грижи и бори за човечките животи.  Романот е посебен и по тоа што му нуди на читателот интересна раскажувачка методологија, каде што секој лик си ја раскажува својата приказна, а сите тие приказни на ликовите преставуваат еден мозаик, за да се добие комплетната, цела слика на случувањето. Авторот, раскажувајќи, оставил во оваа приказна и дел од своите искуства,  како рефлексија на нејзината работа и животно искуство, што го прави романот уште поинтересен и повпечатлив за читателската публика. „Не можеме да речеме дека се е измислено, бидјеќи нешто произлегува и од животот„- рече писателот,  романописец и раскажувач, Билјана Тинтоска, на промоција на своите две дела,  која не ги остави рамнодушни посетителите.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: