ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нови клупи во училишниот двор во средното училиште во Крушево

687

Во дворот на средното училиште „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево на иницијатива на младинскиот тим вклучен во проектот „Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница фаза2“ се поставија клупи, се засадија цвеќиња и дрва. Имено тимот на ученици од ова училиште вклучен во проектот сам го подготви и реализира проектот.

Во акција учениците сами ги избраа локациите за поставување на клупите и засадување на растенијата. На настанот покрај клупи учениците поставија и табли за предупредување да не се фрла ѓубре и да не се оштетува тревата.Оваа активност од учениците беше посетена од градоначалникот на Крушево Томе Христоски.

Веднаш после акцијата учениците имаа отворена дебата со градоначалникот на отворено и според сите COVID-19 мерки. Учениците побараа одговори и имаа идеи за нови активности во Крушево. Тие беа задоволни од информациите дека нивните идеи доставени до општината минатата година веќе почнале да се реализираат, а тоа се предлози поврзани со простор за културни и спортски настани и младински активизам.

Проектот „Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница фаза 2“ го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а е  поддржан од ifa/Zivik Федерална Канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Инаку во овој проект се реализираат активности во 10 средни училишта, во 10 различни општини во Република Северна Македонија. Проектот ја стимулира активноста на младите од една страна и нивната соработка со институциите и политичарите од друга страна. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: