ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нов музички шмек низ музичкиот етер – прилепските “The Schmucks” најавуваат рокенрол “Chaos” (ВИДЕО + ФОТО )

Нова рокенрол генерација од Прилеп - The Schmucks

1.582

Ако сте за супер забава и одличен рокенрол тогаш ја имате новата генерација на овој вид на музика.Тоа е бендот “The Schmucks” , прилепски деца кои едноставно го сакаат овој ритам и уживаат кога ќе ги реализираат своите креативни идеи.Михаил , Кирил , Филип , Андриано и Дамјан го создадоа својот “Chaos” , музички запис кој си има и свое видео кое вирално и се споделува на социјалните мрежи.Како што велат тие ” на личен план не се  сфаќа сериозно” но ова за нив e  супер промоција во македонскиот музички етер.Тие ни беа и на гости промовирајќи ја својата нова песна.

Оваа прилепска музичка атракција која свири засега во Прилеп , Битола и Крушево , својот прв настап го имаше во 2020 година и тоа на хуманитарна акцја во кругот на новата автобуска станица во Прилеп.Во бендот ” The Schmucks ” можете да ги видите :  Дамјан Ристески ( тапани ) , Андриано Чолакоски (бас гитара) , Филип Ристески (бас гитара) , Кирил Трајкоски ( ритам гитара) и Михаил Јагуриноски ( вокал – главна гитара).

https://www.youtube.com/watch?v=M76mw6wDvSI

И навистина нивната позитивна енергија , ентузијазам и љубовта кон музиката сите овие прилепски деца ги исполнува и ги прави среќни , а ние како медиум од се срце им посакуваме успешна музичка кариера.Само напред момци !!!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: